СЗО: Пандемијата на коронавирусот може да предизвика дополнителни 100.000 смртни случаи од маларија

Фото: Профимедиа

Пандемијата на коронавирусот и тешкиот пристап за лекување би можеле оваа година да доведат до дополнителни 100.000 смртни случаи од маларија во подсахарска Африка, проценува Светската здравствена организација (СЗО).

Во годинешниот извештај за маларија е наведено дека намалувањето на пристапот за ефикасно лекување од 10 отсто, би можело да доведе до дополнителни 19.000 починати во регионот, а намалување од 50 отсто би значело 100.000 дополнителни смртни случаи до крајот на годинава.

Регионалниот директор на СЗО за Африка, Матшидисо Моети изјави дека ковид-19 се заканува да ги загрози напорите за спречување на маларијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот