СЗО: Пандемијата на коронавирусот е здравствена криза чие влијание ќе трае со децении

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Глобалната пандемија на новиот коронавирус е вид катастрофа, чии ефекти ќе траат долго во иднината, нагласи денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Габрејесус.

– Пандемијата е здравствена криза што се јавува еднаш во сто години и влијанијата ќе траат со децении, рече Тедрос на состанокот на комисијата за итни случаи на СЗО, според извештаите објавени од организацијата.

Пандемијата уби повеќе од 670.000 луѓе откако избувна во Вухан, а дијагностицирани се повеќе од 17 милиони заразени лица.

– Иако знаењето за новиот вирус напредуваше, многу прашања остануваат неодговорени и популацијата останува ранлива, потенцира Тедрос.

– Првичните резултати од серолошко истражување даваат конзистентна слика: најголем дел од светската популација останува подложна на вирусот, дури и во области што се сериозно погодени од заразата, рече тој.

– Многу земји што веруваа дека најлошото заврши, сега се соочуваат со ново ширење на инфекцијата. Некои земји што беа сериозно погодени во последните неколку недели, сега бележат зголемување на бројот на инфекции и смртни случаи, истакна Тедрос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот