СЗО: Пад на менталното здравје како последица на пандемијата

Profimedia
Депресија и анксиозност / Фото: Архива на Слободен печат

Пандемијата на коронавирусот веројатно долгорочно ќе влијае на менталното здравје ширум светот, предупредуваат европските канцеларии на Светската здравствена организација (СЗО) во новиот извештај објавен денеска

„Психолошките лузни што ги остави пандемијата произлегуваат и од инфекцијата и од стравот од инфекција, но и од психолошките последици од заклучувањето и самоизолацијата, за што многумина се одлучија во обид да го запрат ширењето на болеста”, наведува СЗО.

Покрај тоа, и грижата за невработеноста, финансиите и социјалната изолација може да доведат до пад на општото ментално здравје, се предупредува во извештајот.

– Луѓето во европскиот регион буквално се распаѓаат под притисоците на Ковид-19 и неговите последици”, рече регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.

Тој истакна дека последиците од болеста во голема мерка ќе влијаат на менталното здравје и благосостојба на луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот