СЗО: Омикрон создава високи ризици за здравјето

Омикрон / Фото: Профимедиа

Нивото на ризик поврзано со варијантата омикрон останува многу високо, соопшти СЗО, откако бројот на нови случаи на ковид-19 достигна нов рекорд минатата недела.

– Пријавени се повеќе од 21 милион нови случаи, што е најголем број неделни случаи пријавени од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација во своето неделно епидемиолошко ажурирање за коронавирусот.

Здравствената агенција на ОН соопшти дека бројот на нови случаи се зголемил за пет отсто во седмицата до неделата, во споредба со 20 отсто зголемување во претходната недела.

– Глобално, има побавен пораст на бројот на заболени, соопшти СЗО.

Организацијата информира дека се регистрирани скоро 50.000 нови смртни случаи, слично како и претходната недела. Во извештајот се вели дека Омикрон продолжува да доминира.

– Тековната глобална епидемиологија на САРС-КоВ-2 се карактеризира со доминација на варијантата Омикрон ширум светот, континуиран пад на преваленцијата на варијантата Делта и многу ниско ниво на дистрибуција на Алфа, Бета и Гама соевите, соопшти СЗО.

Во земјите каде што имаше брз пораст на случаите на омикрон во ноември и декември 2021 годинасе забележува мало намалување на случаите. Сепак, „врз основа на моментално достапните докази, севкупниот здравствен ризик поврзан со варијантата Омикорн останува многу висок, нагласи СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот