СЗО одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба поради корона вирусот

Фото: Википедиа

Независни експерти, од кои 16 се од областа на контрола на болести, вирологија, епидемиологија и развој на вакцини, одржуваат нов состанок зад затворени врати, откако вчера не успеаја да донесат одлука.

Во седиштето на Светската здравствена организација (СЗО) во Женева почна состанок на експерти на кој ќе се одлучи дали СЗО ќе прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на епидемијата на новиот корона вирус, што се шири од Кина.

Независни експерти, од кои 16 се од областа на контрола на болести, вирологија, епидемиологија и развој на вакцини, одржуваат нов состанок зад затворени врати, откако вчера не успеаја да донесат одлука, јави ДПА.

Кинеските здравствени власти направија презентација преку теле-конференција и дозволија тим на Светската здравствена организација да влезе во земјата и да достави извештај до експертски панел.

По проценката дали постојат докази дека вирусот се пренесува од човек на човек и други фактори, експертите ќе испратат препорака до директорот на СЗО, Тедрос Адхан Гебрејесус, кој ќе донесе конечна одлука дали да прогласи вонредна состојба.

Ако тоа се случи, ќе биде шести пат да се прогласи вонредна состојба на глобално ниво во последната деценија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот