СЗО: Од почетокот на руската инвазија врз Украина нападнати 226 здравствени установи

Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Светската здравствена организација потврди дека од почетокот на руската инвазија врз Украина биле нападнати 226 здравствени установи, што претставува две третини од сите напади врз објекти на здравствената заштита во светот годинава, објави денеска директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Клуге кажа дека во нападите загинале најмалку 75 лица, а 59 се повредени.

„Овие напади не се оправдани, тие никогаш не се во ред и мора да се истражат“, рече тој, додавајќи дека здравствената агенција на ОН ќе сподели детали за нападите со украинските власти и другите независни истражители.

Клуге кажа дека е длабоко вознемирен од извештаите за растечкото сексуално насилство во Украина, потенцијалното избивање на колера во окупираните делови на земјата и дека СЗО подготвува вакцини против колера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот