СЗО оцени дена заканата од корона вирусот е „висока“ на меѓународно ниво

СЗО досега нагласуваше дека ризикот од вирус е „многу висок во Кина, висок на регионално ниво и умерен на меѓународно ниво”.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја ревидираше својата проценка за заканата од новата форма на коронавирусот во Кина на меѓународно ниво, оценувајќи ја дека е „висока” и повеќе не е „умерена” како што беше досега соопштено. Тој потег  е поради „грешки во формулација„.

СЗО досега нагласуваше дека ризикот од вирус е „многу висок во Кина, висок на регионално ниво и умерен на меѓународно ниво”.

„Тоа е грешка во формулацијата и ние ја исправивме”, изјави портпаролот на СЗО.

Минатата недела СЗО одлучи да не прогласи глобална вонредна здравствена состојба, наведувајќи дека Кина презела многу силни мерки, вклучително и изолација на големите градови,со цел стопирање на ширењето вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот