СЗО: Нереално е да мислиме дека светот ќе се ослободи од ковид-19 до крајот на годината

Лого на СЗО / Фото: Архива

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека е нереално да се мисли дека светот ќе се ослободи од ковид-19 до крајот на оваа година. Директорот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан сепак изјави дека трагедијата во кризата со коронавирусот може да се избегне со намалување на бројот на хоспитализирани и починати, пренесува „Гардијан”.

Тој додаде дека вирусот сè уште е оној што има контрола, особено со оглед на зголемувањето на бројот на новозаразени минатата недела, по шест последователни недели пад на бројките.

– Би било многу прерано и нереално да се мисли дека ќе се ослободиме од вирусот до крајот на годината, но ако сме паметни, можеме да завршиме со хоспитализации, смртни случаи и трагедија поврзана со пандемијата, рече Рајан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот