СЗО: Некои земји требаше повнимателно да слушаат кога прогласивме пандемија, на некои луѓе им требаат слушни помагала

СЗО
СЗО / Фото: Архива на Слободен печат

Некои земји требаше повнимателно да слушаат кога Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална здравствена криза во јануари во 2020 година, изјави денеска Мајк Рајан, главен експерт на СЗО за вонредни ситуации.

На прашањето дали организацијата требаше порано да го стави во употреба терминот „пандемија”, Рајан рече: Можеби моравме да викаме погласно, а можеби на некои луѓе им требаат слушни помагала.

На 30 јануари лани, СЗО прогласи вонредна состојба во јавното здравство од меѓународно значење, што е „највисоко ниво на тревога”, а на 11 март по првпат го опиша коронавирусот како „пандемија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот