СЗО: Не може да се заразите од коронавирус преку пратки од Кина

Според последните анализи, вирусот не живее долго на површината на предметите, како што се писма или пакети, се наведува во соопштението.

Примачите на пратки и писма од Кина не се изложени на ризик од зараза од коронавирус, соопшти Светската здравствена организација на Твитер.

„Луѓето кои примаат пакети од Кина не се изложени на ризик од зараза од коронавирусот. Според последните анализи, вирусот не живее долго на површината на предметите, како што се писма или пакети, се наведува во соопштението.

Досега бројот на починати од коронавирусот достигна 259 луѓе, а речиси 12.000 лица се заразени низ светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот