СЗО: Намалена смртноста од ковид 

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/LYNN BO BO

Според податоците на Светската здравствена организација минатата недела  смртноста во светот од Ковид-19 е намалена за дваесет отсто, споредено со претходната недела.

Намалено ширење на инфекцијата е забелжан во земјите од северна и јужна Америка деветнаесет проценти, западниот Пацифик девет отсто и во Европа седум проценти. Намалување на смртноста има во Африка дваесет отсто и во југоисточна Азија шест проценти.

Во јужна и северна Америка има околу 1,06 милиони новозаразени и над 34 илјади починати, а во Европа над 939 илјади нови случаи на инфекција со коронавирусот и повеќе од 24 илјади починати.

Бројот на новозаразени се зголеми во текот на изминатата недела во САД и изнесува над 480 илјади, а на второ место е Бразил со повеќе од 316 илјади нови случаи.

Во Франција минатта недела имало околу 131 илјада новозаразени, во Русија над 92 илјади, во Индија повеќе од 86 илјади,  Велика Британија над 78  илјади, Шведска околу 65 илјади и во Иран речиси 55 илјади инфицирани луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот