СЗО: Над 10.000 новозаразени со коронавирус во Африка

Фото: EPA-EFE/ KIM LUDBROOK

Во изминатите 24 часа повеќе од 10.000 луѓе се заразени во Африка, така што вкупниот број на заболени од коронавирусот на тој континент е над еден милион, објави регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Африка.

Досега починале над 23.000 луѓе додека 745.000 се опоравиле.

Најголем број заразени лица е регистриран во Јужна Африка, над половина милион, како и 10.000 смртни случаи.

Египет, Алжир, Нигерија и Гана следат по број на заразени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот