СЗО: На вирусот треба се да удри со целата можна сила на системот

СЗО
СЗО / Фото: Архива на Слободен печат

Земјите кои не ги користат сите расположливи механизми во борбата против коронавирусот, ќе се мачат да го совладаат, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО).

– Некои земји пристапија фрагментарно во борбата против пандемијата и пред тие земји е долг и трнлив пат, предупреди првиот човек на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус без да прецизира на кои земји мисли.

– Само државите кои ќе придвижат систем способен да почне сеопфатен пристап во борбата против коронавирусот, ќе можат да ја спречат епидемијата и да избегнат ново воведување вонредна состојба, истакна Гебрејесус.

Во врска со неодамнешните вести за новиот вирус кој се пренесува од свињи на луѓето и има пандемски потенцијали, експертот за вонредни ситуации на СЗО, Мајк Рајан изјави дека е важно луѓето да не бидат загрижени, затоа што „не станува збор за нов вирус, туку вирус кој е под надзор”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот