СЗО: Маските не можат да ја запрат пандемијата, државите и натаму треба да ги изолираат заразените

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

СЗО има нови упатства што наскоро ќе ги објави, а се однесуваат на носењето маски, нивното симнување од лице и фрлање во ѓубре.

Светската здравствена организација преку соопштение денеска најави дека наскоро ќе испрати нови упатства за користење на заштитните маски во борбата против коронавирусот.

-Доколку маските се носат, тогаш тоа мора да биде сигурно и правилно. СЗО има нови упатства што наскоро ќе ги објави, а се однесуваат на носењето маски, нивното симнување од лице и фрлање во ѓубре. Истражувањето во ова подрачје е доста лимитирано, но ги охрабруваме државите кои размислуваат за воведување маски за широка популација за да ја истражиме нивната ефективност. Маските не можат да ја запрат пандемијата. Државите и натаму треба да бараат, тестираат и да ги изолираат заразените со коронавирус”, рече Тедрос Адханом Гебресејсус, генералниот директор на СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот