СЗО: Ковид-19 и натаму претставува глобална јавно здравствена криза

Вакцинација против ковид-19 кај постари лица пензионери
Вакцинација кај постарите лица / Фото EPA-EFE/Fredrik Sandberg/TT

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека коронавирусот продолжува да претставува вонредна меѓународна јавно здравствена криза, што е највисоката форма на предупредување на оваа агенција ма Обединетите нации.

Пандемијата е веројатно во „преодна точка”, па затоа се уште бара внимателно управување за „ублажување на потенцијалните негативни последици”, се наведува во соопштението на СЗО.

СЗО пред три години го прогласи Ковид-19 за глобална здравствена закана. Во пандемијата, во сите делови на светот од заразата починаа повеќе од 6,8 милиони лица, а болеста имаше негативно влијание врз светската економија и функционирањето на општествата.

Со пристигнувањето на вакцините и соодветните третмани во 2020 година ситуацијата со пандемијата почна полека да се менува, наведуваат британските медиуми.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус изрази надеж дека вонредната состојба ќе биде укината оваа година, особено ако на глобално ниво се подобри пристапот до мерките против инфекцијата.

Советниците на експертскиот комитет на СЗО за статусот на пандемијата во декември минатата година соопштија дека веројатно не е време да се прогласи нејзиниот крај поради неизвесноста околу бранот на инфекции во Кина, која на крајот на 2022 година ги укина своите строги мерки за „нулта толеранција од Ковид-19″.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот