СЗО: Коронавирусот ретко развива компликации кај децата

Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Повеќето деца кои се позитивни на новиот коронавирус, имаат благи симптоми и се опоравуваат целосно, но многу мал број развиваат редок инфламаторен синдром во некои држави, изјави Мајкл Рајан, директор на програмата на СЗО за управување со итни случаи.

Рајан ја коментираше изјавата на британските научници, дека Ковид-19 може да предизвика во некои случаи Кавасаки синдром кај децата. Тоа е ретко заболување, што се карактеризира со отекување на жлездите, осип на кожата и воспаление на крвните садови.

– Ова е ретка компликација, ние внимателно ги следиме сите тенденции, истакна Рајан и ги повика сите држави да собираат информации за вакви случаи.

Врската помеѓу Ковид-19 и кластери на ретка воспалителна болест кај децата, ја испитувале британски и италијански лекари.

Три новороденчиња во САД се лекуваат од редок воспалителен синдром, сличен на оној во Велика Британија и Италија, а слични случаи има и во Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот