СЗО: Коронавирусот се шири многу полесно од очекуваното

Фото: Профимедиа

Засега нема докази оти вирусот се шири преку воздух како грипот.

Корона вирусот, чиј прв случај беше забележан во кинескиот град Вухан и од кој починаа веќе 25 луѓе, многу полесно се пренесува од човек на човек отколку што претходно се мислеше, изјави едно службено лице од Светската здравствена организација (СЗО).

Во овој момент веќе има повеќе од 700 заразени луѓе на повеќе локации во светот.

– Сега веќе можеме да видиме ширење на втората и третата генерација – вели Дејвид Хејман, челник на одборот на СЗО кој собира податоци за новиот вирус.

Преносот на трета генерација значи дека некој кој се заразил додека работел со животни на пазарот во Вухан вирусот го пренел на друга личност, која потоа го пренела на трето лице.

Првенствено, здравствените експерти сметаа дека вирусот се шири само со многу близок контакт, како прегрнување, бакнување или користење на заеднички прибор за исхрана.

Но, како што вели Хејман, се собираат докази дека ширењето на вирусот е можно и од поголема оддалеченост, на пример ако заразената личност кивне или се накашла пред друго лице.

Додаде дека засега нема докази оти вирусот се шири преку воздух како грипот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот