СЗО: Компаниите да помогнат во производство на вакцини против коронавирусот

Фото: Профимедиа

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус ги повика денеска компаниите да ја стават на располагање својата производна инфраструктура за да помогнат во зајакнување на производството на вакцини против коронавирусот.

– Ги поздравуваме оние производители кои, на пример, се обврзаа да ги продаваат своите вакцини по одредена цена. Но, производителите можат да направат повеќе, рекол Тедрос на онлајн брифинг во Женева, пренесува Ројтерс.

Според неговите зборови, речиси 130 земји со комбинирана популација од 2,5 милијарди луѓе, се уште требаат да ја примат првата доза од вакцината. Тедрос ја повтори својата молба богатите држави да делат дози со сиромашните земји откако ги вакцинираат здравствените работници и постарите луѓе.

– Но, исто така потребно ни е и големо зголемување на производството. Минатата недела, Санофи најави дека својата производна инфраструктура ќе ја направи достапна за поддршка на производство на вакцината на Фајзер/Бајонтек. Ги повикуваме другите компании да го следат овој пример, рекол генералниот директор на СЗО.

Бизнис солидарност: „Санофи” отстапи свои капацитети за производство на анти-ковид вакцини на „Фајзер“

Францускиот производител на лекови Санофи минатата недела соопшти дека ќе спакува милиони дози од вакцината на Фајзер од јули, со цел да помогне во испорака на повеќе од 100 милиони дози оваа година од своите германски фабрики за да ја задоволи големата побарувачка, пренесува Ројтерс.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот