СЗО: Кина е отворена и соработува, засега не знаеме од каде потекнува вирусот

вухан инспекција

Екипата на Светската здравствена организација (СЗО) распореден во Вухан за да го проучи потеклото на Ковид-19, соопшти дека Кина дејствува отворено, обезбедува релевантни податоци и ги исполнува барањата на мисијата на СЗО за време на нивната работа.

„Пекинг не создава никакви пречки за нашата истражувачка активност. Така е уште од самиот почеток. Кинеската страна дејствува максимално отворено, обезбедува податоци, ги исполнува условите и учествува во дискусиите, не можам да кажам ништо лошо на таа тема“, рече Владимир Дедков, заменик-директор за истражување на Институтот Пастер во Санкт Петербург и член на мисијата на СЗО во Кина. 

Тој потврди дека стручњаците на СЗО кои се во Вухан, за да го испитаат потеклото на новата зараза со коронавирусот, не планираат да земаат примероци и нема да можат да одговорат на главните прашања за време на посетата, како на пример од каде потекнува новиот коронавирус и слично, туку тоа ќе биде направено подоцна.

“ Ова е само прва голема посета и во меѓувреме ќе се планираат понатамошни истражувања. Мислам дека не треба да земеме примероци за време на оваа мисија. Нашата задача е анализа и планирање, треба да изготвиме програма за истражување заедно со кинеската страна и ќе биде потребно одредено време да се спроведе“, објасни Дедков.

Тој не даде деталите на програмата на тековната мисија, и рече дека видел извештаи во медиумите во кои се наведува дека експертите на СЗО ќе бидат однесени во областите на живеалиштата на лилјаците.

“Прочитав дека треба да одиме во пештера и да фатиме лилјаци. Бев многу изненаден. Би ми било драго да го направиме тоа, но се сомневам дека тоа ќе се случи“, рече рускиот експерт.

Според него СЗО сè уште немаат главна пертпоставка за потеклото на вирусот, и дека тоа што го прават во моментот е дек ги  разгледуваат сите можни хипотези и факти што ги имаат.

„Ги подредуваме и потоа правиме соодветни заклучоци за тоа колку е веројатен одреден синџир на настани, објасни Дедков.

Тој смета дека тврдењето дека пандемијата на Ковид-19 почнала во различни делови на светот во исто време е само една од теориите што бара потврда.

Мисија на СЗО пристигна во кинескиот град Вухан на четиринаести јануари да го испита потеклото на новата инфекција со коронавирусот. По пристигнувањето, експертите на СЗО беа ставени во двонеделен карантин. Тој период беше искористен за онлајн консултации со кинески специјалисти, а потоа тие ја започнаа својата теренска работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот