СЗО ќе разгледува извештаи за повторно позитивни пациенти на Ковид-19

Фото: Kim Petersen / Alamy / Alamy / Profimedia

Директорката на Центарот за контрола и превенција на болести Џеонг Еун-Кјеонг рече дека е поголема веројатноста вирусот да е „реактивиран” отколку пациентите да се повторно заразени.

Светската здравствена организација соопшти денеска дека ги разгледува извештаите според кои некои лица кои го прележале коронавирусот повторно биле позитивни на тестовите за тој вирус.

„Ние сме свесни за извештаи на лица кои биле негативни на Ковид-19, а потоа повторно позитивни”, се наведува во соопштението на СЗО.

Јужнокорејските власти вчера соопштија дека 91 пациент, за кои се сметало дека се излекувани од вирусот, повторно се позитивни.


СЗО предупредува дека пациентите не може да бидат пуштени од болница се додека, во рок од најмалку 24 часа, резултатите од тестот за коронавирус не се двапати негативни.

„Важно е да се осигураме дека се почитуваат процедурите при собирање примероци за тестирање пациенти за кои постои сомневање дека се заразени од коронавирус, наведува СЗО.

Според најновите податоци на Ворлдметерс, во светот досега се регистрирани 1.710.172 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 103.506, а 382.049 луѓе се излекувани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот