СЗО ја продолжува светската здравствена вонредна состојба

Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Светската здравствена организација ја продолжи глобалната  здравствена вонредна состојба поради пандемијата на ковид-19 за уште три месеци, соопшти Комитетот за итни случаи на СЗО.

Комитетот се согласи дека пандемијата останува во вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење и му понуди совети на генералниот директор, се вели во соопштението.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на брифинг истакна дека светот има начини да ја стави под контрола глобалната пандемија во следните месеци.

– Имаме начини да ја ставиме оваа пандемија под контрола за неколку месеци, ако ги применуваме доследно и правично, изјави Гебрејесус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот