Се верува дека е многу мал бројот на болести кои се шират со аеросоли, фини лебдечки честички. Меѓу нив се и туберкулозата и малите сипаници.
Светската здравствена организација (СЗО) во четвртокот објави нови насоки за коронавирусот кои ги признаваат извештаите за пренос на вирусот преку аеросоли, но засега не сакаше да даде конечна потврда дека вирусот се пренесува преку воздух.
Во најновите насоки за пренос на вирусот, СЗО ги признава новите сознанија дека во преполните простории постои можност за пренос на вирусите преку аеросоли, на пример преку хорско пеење, во рестораните или во салите за фитнес.
СЗО: Потребни се дополнителни истражувања
Со тоа е одговорено на отвореното писмо од 239 меѓународни научници кои ја повикаа СЗО и меѓународната медицинска заедница да го „признаат постоењето на можноста дека вирусот може да се пренесвуа преку воздух“. Но СЗО додава дека „итно се потребни дополнителни истражувања“.
„Тоа е чекор во вистинска насока, иако мал, зошто станува јасно дека пандемијата силно се шири и најдобро објаснување за тие настани е преносот преку аеросоли“, рече Хозе Хименез, хемичар од Универзитетот Колорадо, еден од потписниците на писмото објавено во понеделникот во списанието „Клинички инфективни болести“ од Оксфорд.
Не е јасно како вирусот се шири низ воздухот, недостастуваат цврсти докази за таа теорија
Не е јасно како често се шири коронавирусот низ воздухот, за разлика од најчестото ширење преку капки од кашлањет и кивање.
Д-р Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергии и заразни болести, рече во четвртокот дека се уште нема цврсти докази за преносто на вирусот САРС-КоВ-2 низ воздухот, но истакна: „Мислам дека е разумно да се претпостави дека тоа се случува“.
Се верува дека е многу мал бројот на болести кои се шират со аеросоли, фини лебдечки честички. Меѓу нив се и туберкулозата и малите сипаници и потребно е крајно внимание за да се спречи изложувањето на тие две високозаразни болести.
СЗО им советува на здравствените работници да носат респираторни маски од типот N95
СЗО во своите насоки признава дека преносто може да се случи во текот на специфичните медицински постапки, на пример кога се изведува интубација. Затоа им советува на медицинските работници да носат респираторни маски N95 и друга заштитна опрема кога изведуваат таков зафат кој мора да се прави со соодветно проветрена просторија.
Секоја промена на проеценките на СЗО за ризокот од преносот на болестите може да влијае на нивниот сегашен совет за одржување на физичко растојание од еден метар.
Владите кои во своите инструкции до населението се раководат од насоките на СЗО би можеле исто така да ги прилагодат мерките со цел сузбивање на пандемијата.