СЗО издаде препорака за одложување на празничните собири во Северна и Јужна Америка

Фото: Профимедиа

Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Северна и Јужна Америка издаде препорака за одложување на масовни, празнични собири за време на Божиќните празници, бидејќи се зголемува бројот на новоинфицирани со коронавирусот.

Помошникот директор на Панамериканската здравствена организација Харбас Барбоза, исто така, апелираше верските собири да се организираат или на отворено или со ограничен број присутни верници.

Во Јужна и Северна Америка во изминатите седум дена се регистрирани повеќе од 1,5 милиони случаи на Ковид-19, што е најголем неделен број на новоинфицирани од почетокот на пандемијата, соопшти денеска организацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот