СЗО издаде нови совети за лекување на ковид-19

Фото: МИА

Светската здравствена организација (СЗО) издаде денеска совети за лекување на пациентите со ковид-19, вклучувајќи ги оние кои покажуваат долготрајни симптоми на болеста после закрепнувањето, а исто така соопшти дека препорачува употреба на антикоагулантни средства во мали дози за спречување на создавање на крвни згрутчувања, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека портпаролката на СЗО, Маргарет Харис потврдила на денешната конференција за новинари во Женева дека тимот на независни експерти кои моментално се наоѓаат во кинескиот град Вухан заради откривање на потеклото на вирусот во наредните два дена треба да го напуштат карантинот и да продолжат со својата работа.

Харис одбила да ги коментира извештаите за одложување на спроведувањето на вакцинацијата во Европската унија.

Таа соопштила дека нема конкретни податоци за тоа, а приоритетот на СЗО е здравствените работници во сите земји да се вакцинираат во првите 100 дена од оваа година, наведува агенцијата.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот