СЗО: Индиректните ефекти на пандемијата се загрижувачки

Организацијата препорачува во вакви случаи бебето да не се дои затоа што тоа го надминува потенцијалните ризици.

Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена за индиректните негативни ефекти од пандемијата на коронавирусот врз пренатрупаните здравствени системи во светот, изјави денеска на брифинг во Женева генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, цитиран од Тасс.

Во време кога пандемијата се интензивира во земјите со ниски и средни приходи, СЗО со посебна грижа го следи нејзиното влијание врз луѓето кои се борат да пристапат до здравствени услуги. Често пати тоа се жени, деца и адолесценти.

-Индиректните ефекти на Ковид-19 врз овие групи може да бидат посериозни од смртните случаи предизвикани од вирусот, затоа што на многу места пандемијата го преоптоварува системот на здравствена заштита, рече Гебрејесус. Тој како пример го даде високиот ризик од смрт од компликации при раѓање.

Првиот човек на СЗО истакна дека жените со потврдена дијагноза на коронавирус не треба да се одвојуваат од своите деца по породувањето. Организацијата препорачува во вакви случаи бебето да не се дои затоа што тоа го надминува потенцијалните ризици.

СЗО, исто така, е загрижена за индиректното влијание на пандемијата врз здравјето на младите. Осврнувајќи се на медицинските податоци, Гебрејесус го потенцира влијанието на „повисокиот ризик” за време на пандемијата врз децата на училишна возраст заради тешкиот пристап до медицинските услуги. Станува збор за проблеми поврзани со депресијата, физичкото и сексуално злоставување и несаканата бременост.

Затворањето на училиштата и универзитетите има сериозно влијание врз пристапот на оваа категорија на луѓе до услугите за превенција, смета СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот