СЗО и ФАО: Доколку се почитуваат препораките, вработените во маркетите не би требало да ја загадат храната

Важно е да се одржува хигиената околу полиците каде е поставена храната во маркетите, а потрошувачите да ги мијат овошјето и зеленчукот пред консумација, велат од СЗО и ФАО.

Работниците со храна во маркетите и продавниците не би требало да ја загадат храната доколку ги следат стандардните, добри лични хигиенски практики кои го намалуваат ризикот од пренесување на вирусот. Мерки, како што е често миење на рацете, употреба на средства за дезинфекција на рацете, употреба на заштитна облека, добра респираторна хигиена, ќе го намалат ризикот од ширење на болеста, порачуваат Светската здравствена организација (СЗО) и Организацијата за земјоделство и храна (ФАО) во заедничкиот водич за Ковид-19 и безбедноста на храната.

СЗО и ФАО како дополнителен начин за заштитаа ги посочуваат регулирањето на бројот на купувачи во продавниците, чекањето во редици со растојание, поставување на средства за дезинфекција, ознаките на подот од маркетите за да се држи растојание,…

-Иако засега нема научни докази кои сугерираат дека храната е поврзана со пренесување на Ковид-19,  важно е да се одржува хигиената околу полиците каде е поставена храната во маркетите, а потрошувачите да ги мијат овошјето и зеленчукот пред консумација, велат од СЗО и ФАО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот