СЗО го разгледуваат отвореното писмо од научниците за нови препораки за заштита од коронавирус

Фото: Профимедиа

Светска здравствена организација (СЗО)  го разгледуваа извештајот на околу 300 научници, кои бараат нови препораки за заштита од новиот коронавирус.

Во отворено писмо 239 научници од 32 држави изнесуваат докази дека новиот коронавирус може да помине долго растојание, а малите честици се задржуваат во воздухот, поради што бараат нови препораки од СЗО.

Научници бараат од СЗО да ги промени препораките поради докази за воздушна трансмисија на Ковид-19

Писмото на научниците е објавено вчера во списанието „Клинички инфективни болести”.

– Знаеме за истражувањето и го разгледуваме со експертите, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јасаревик.

Но, се уште не е познато колкава е зачестеноста на ширењето на Ковид-19 со помали аеросоли во споредба со поголемите капки. Промена во проценката на СЗО за ризикот од пренесување на вирусот ќе влијае на препораката за растојание од најмалку еден метар. Владите кои ги применуваат препораките на СЗО, исто така, ќе треба да ги променат мерките за заштита, но откако експертите од СЗО ќе ги потврдат доказите дека вирусот се пренесува преку аеросоли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот