СЗО ги прекинува испитувањата: Хидроксихлорокин не ја намалува смртноста од коронавирусот

Светската здравствена организација соопшти дека ги прекинува испитувањата за лекот за маларија –  хидроксихлорокин и комбинацијата на лекови за вирусот ХИВ – лопинавир / ритонавир, кај пациентите хоспитализирани заради коронавирус, бидејќи тие не ја намалиле смртноста.

„Резултатите од привремените тестови покажуваат дека хидроксихлорокин и лопинавир / ритонавир придонесуваат за мало или никакво намалување на смртноста кај хоспитализирани пациенти со Ковид-19,  во споредба со стандардната нега”, се наведува во соопштението на СЗО.

Испитувањата веднаш ќе бидат прекинати, се додава во соошштението на СЗО, пренесуваат британските медиуми.

Ваквата одлука, донесена по препорака на меѓународен одбор, не е во спротивност со другите истражувања во кои лековите се користат за нехоспитализирани пациенти или како превенција.

Во друго истражување СЗО го испитува и можниот ефект на лекот ремдесивир врз Ковид 19.

Прочитајте и...  Во светот над 62,5 милиони луѓе се инфицирани со ковид-19

Поврзани вести

Курц: Со недели и месеци ќе живееме со ограничувања

Слободен печат

Наумовски: Оптимист сум дека ќе изнајдеме решение!

Слободен печат

Има ли во Црна Гора власт?

Срѓан Косовиќ/Вијести

Србија денеска со рекорден број жртви, Косово ја надмина бројката на илјада починати

МИА Агенција

Кафуле во Радовиш не ги почитувало протоколите, заработи кривична пријава

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за тајни средби во Софија на владини претставници

Лука Андреев

Остави Коментар

MacedonianAlbanian