СЗО ги негираше медиумските извештаи од Кина: Нема ефикасни лекови против коронавирусот

Фото: МИА

Светската здравствена организација (СЗО) денес ги негираше медиумските извештаи за тоа дека се пронајдени лекови кои претставуваат пресвртница во лечењето на луѓе заразени од коронавирусот, кој предизвика епидемија во Кина и се прошири во најмалку 20 други земји во светот.

Во извештај на кинеска телевизија, се наведува дека истражувачки тим на Универзитетот Жејанг пронашол ефикасен лек за вирусот, додека британски Скај њуз извести дека истражувачите направике „значителен напредок“ во развој на вакцина, пренесе „Ројтерс“.

Запрашан во врска со тие известувања, портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ рече дека засега не постојат познати ефикасни лекови против „2019-nCoV“ вирусот (коронавирусот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот