СЗО: Европа во центарот на кризата – следните недели клучни!

Бурата предизвикана од оваа пандемија и понатаму се шири над европскиот регион, вели Клуге.

Европа во моментов се наоѓа во центарот на пандемијата Ковид – 19, а бројот на заболени се приближува кон милион, соопшти денеска регионалниот директор на Светската здравствена организација, Ханс Клуге.

– Бројот на случаи во регионот продолжува да расте. Во претходните десет дена, бројот на новозаразени регистрирани случаи во Европа речиси се удвои и се приближува кон еден милион заразени, истакнал Клуге на онлајн конференција за новинари.

Тој додал дека тоа значи дека околу 50 отсто од глобалниот товар предизвикан од Ковид – 19 е га „грбот“ на Европа.

Клуге изјавил и дека на стариот континент од ова заболување починале 84 илјади лица.

– Бурата предизвикана од оваа пандемија и понатаму се шири над европскиот регион, истакнал претставникот на СЗО.

Тој додава дека некои од земјите се обидуваат полека да ги ублажуваат мерките, но дека сепак опоравувањето нема брзо да оди и нема лесно да се вратиме на нормално функционирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот