СЗО: Епидемиолошката ситуација во Европа е многу загрижувачка

Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа денеска оцени дека ситуацијата на континентот во однос на пандемијата на коронавирус е причина за „голема загриженост”.

Поради зголемениот број на дневни случаи на ковид-19 пријавени низ цела Европа, државите, вклучувајќи ги Германија, Велика Британија, Холандија и Шпанија започнаа да воведуваат дополнителни мерки за да го забават вториот бран на пандемијата и да се обидат да го намалат нејзиното влијание.

– Дваесет и седум земји-членки на Европската унија и Велика Британија во просек евидентираат по 78 000 случаи дневно, во периодот од 5 до 12 октомври или 152 случаја за милион жители. САД бележат 49.000 дневно во просек за истиот период или околу 150 на милион жители, објави денеска „Волстрит журнал“.

Тоа е првпат Европа да ги надмине САД од врвот на вирусот во пролетта, кога болеста се ширеше во голема мера неоткриена поради ограничениот капацитет за тестирање на земјите. Европа сега достигна критична маса на нови случаи слични на оние со кои САД се соочија кон крајот на јуни кога бројот на заразени вртоглаво се зголеми од Флорида до Калифорнија, посочува весникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот