СЗО/ фото: МИА

СЗО е во контакт со официјален Лондон заради новиот вид на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) информира дека е во тесен контакт со британските власти поради новата мутација на коронавирусот, за која Велика Британија веќе ги извести, како и за побрзото ширење на овој вид на вирус.

„Официјалните лица во Велика Британија ќе продолжат да ги споделуваат информациите и резултатите од нивните анализи и студии и кога ќе дознаеме повеќе за карактеристиките на оваа варијанта на вирусот и сите негови импликации, ќе ги ажурираме податоците и ќе ги информираме земјите-членки и јавноста”, соопшти СЗО преку твит, пренесе Хина.

-Новиот вид на коронавирус, идентификуван во Велика Британија, е до 70 проценти позаразен, но не се смета за посмртоносен, па затоа вакцината треба да биде ефикасна, вчера соопшти британскиот премиер Борис Џонсон.

Велика Британија го извести СЗО за побрзото ширење на овој вид на вирус, а главниот британски епидемиолог Крис Вити вчера изјави дека нивната советодавна група за опасноста од итни случаи и нови респираторни вируси (NERVTAG) верува дека новиот вид може да се прошири побрзо меѓу населението.

-Во моментов немаме индикации дека новиот вид на коронавирус предизвикува поголема смртност или влијае на вакцините и начините на лекување. Во тек се итни истражувања кои треба тоа да го потврдат, додаде Ви

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот