СЗО: Два нови смртни случаи како последица на мајмунски сипаници

Фото: МИА

Светската здравствена органзација соопшти за уште два нови смртни случаи од мајмунски сипаници, регистрирани после претходното ажурирање на податоците за болеста на 27 јуни.

„По претходните информации за појава на (мајмунски) сипаници на 27 јуни 2022 година, регистрирани се 2.614 нови случаи што е зголемување за 77 отсто, како и два смртни случаи”, се вели во извештајот на СЗО.

Според организацијата, од почетокот на годината вкупниот број смртни случаи од мајмунски сипаници се искачи на три, сите регистрирани во Африка.

Претходно СЗО соопшти дека повторно ќе го свика Комитетот за итни случаи за мајмунски сипаници, и тоа на 18 јули или порано доколку е потребно.

„Останувам загрижен за обемот и ширењето на вирусот”, изјави генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција во Женева, додавајќи дека досега се потврдени повеќе од шест илјади случаи во 58 земји

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот