СЗО: Дополнително се забрзува пандемијата во Европа

СЗО
СЗО / Фото: Архива на Слободен печат

Светска здравствена организација предупредува дека „дополнително е забрзано” ширењето на пандемијата во Европа, каде минатата недела пријавени се речиси половина од случаите со Ковид-19 во светот.

Во неделниот извештај објавен синоќа, СЗО наведува дека изминатата недела во Европа забележан е пораст од 46 отсто во споредба со претходната недела на смртните случаи од новиот коронавирус.

Пораст на бројот на починати од последици од Ковид-19 е забележан и во Северна и во Јужна Америка, но за два отсто.

Најголем број на новозаразени во Европа регистрирани се во Франција,во Италија и во Велика Британија, додека во Андора, во Чешка и во Белгија потврдена е највисока стапка на заразеност.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот