СЗО: Делта сојот и недостапноста до вакцини може да им донесат катастрофални последици на земјите од Блиски Исток

СЗО/ Фото: : EPA-EFE/ MARTIAL TREZZINI

Зголемувањето на бројот на новозаразени луѓе со Ковид-19 во неколку земји од Блиски Исток може да има големи последици, поради ширењето на делта сојот и малата достапност на вакцини, соопшти Светска здравствена организација (СЗО).

По намалувањети на бројот на заразени и смртни случаи во период од осум недели, СЗО тврди дека има знаци на ново зголемување во Либија, Иран, Ирак и Тунис, додека брз раст се очекува во Либан и Мароко.

Следната недела, земјите од блискоисточниот регион ќе го одбележат Бајрам, кој традиционално се одбележува со собири, на кои може да се прошири инфекцијата.

– СЗО е загрижена дека ширењето на Ковид-19 може да продолжи и во наредните недели со катастрофални последици, соопшти регионалната канцеларија на организацијата.

СЗО како причини за новото ширење на коронавирусот ги наведува непочитувањето на здравствените и социјалните мерки како и ниската стапка на вакцинација и ширењето на новите соеви.

Според СЗО, Тунис е земја со најголема смртност од последици од Ковид-19 во регионот и во Африка и истакна дека за четири недели бројот на дневни случаи во Иран е двојно зголемен.

Бројот на заразени со Ковид-19 во регионот на Источен Медитеран, кој ги вклучува Пакистан, Авганистан, Сомалија и Џибути, како и земјите од Блиски Исток, надмина 11,4 милиони, а пријавени се 223.000 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот