СЗО: Дедо мраз ја прими вакцината против коронавирус, подготвен е да дели подароци

Фото: EPA-EFE/AHMAD YUSNI

Дедо мраз ја прими вакцината против коронавирусот и ќе биде во можност да ги дели поклоните за децата на ноќта меѓу 24 и 25 декември, соопшти денеска епидемиологот на Светската здравствена организација, Марија ван Кирков.

„Ја разбирам загриженоста за Дедо мраз, бидејќи е стар и потенцијално во групата која е посебно изложена на опасноста од коронавирусот“, рекла Кирков.

„Можам да ви кажам дека Дедо мраз ја прими вакцината против вирусот. Тој е одлично, како и неговата госпоѓа, и моментално се многу зафатени“, додала таа.

Кирков рекла и дека децата не треба да се плашат од епидемиолошките мерки и ограничено движење.

„Дедо мраз ќе може да влегува и излегува низ воздушниот простор кога и да посака и така ќе може да дели подароци“, рекла таа но додала дека децата низ целиот свет треба да разберат дека Дедо мраз строго ќе ги почитува мерките за држање на физичка дистанца.

Според нејзините зборови, децата на Бадник треба рано да си легнат, а Дедо мраз ќе патува низ целиот свет за да ги подели подароците.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот