7 C
Скопје

СЗО: Целиот извештај со резултати од истрагата за потеклото на коронавирусот во Кина ќе биде презентиран следната недела

Светската здравствена организација (СЗО) се откажа од плановите за објавување на првичните резултати од истрагата за потеклото на коронавирусот во Кина и најави дека целосниот извештај ќе го објави кон средината на март.

-Наместо прелиминарниот извештај, целиот извештај ќе биде презентиран следната недела, на 14 март, изјави денесак во Женева лидерот на експертскиот тим, Питер Бен Ембарек.

Ембарек ја предводеше групата од десетина  научници, избрани од Светската здравствена организација (СЗО), да ги посетат болниците и истражувачките институти во Вухан, во централна Кина, каде што за првпат беше идентификуван новиот коронавирус, за да го откријат потеклото на ковид-19.

СЗО денес не ги наведе причините за промена на планот за објавување на резултатите.

Прочитајте и...  EK повеќе нема да купува вакцини од „Астра-Зенека“ и „Џонсон и Џонсон“, туку само вакцини врз основа на информациона РНК

Мисијата на експерти на СЗО во Кина беше изведена по повеќемесечните преговори со кинеските власти, кои сакаа да спречат да бидат обвинети за пандемијата.

Резултатите презентирани на првата прес-конференција по патувањето во Кина беа нејасни. Ембарек, се чини, ја отфрли можноста вирусот да „побегнал” од лабораторија во Вухан, туку ја изнесе тезата дека вирусот бил пренесен врз луѓето од лилјаци преку посредник, како што претходно се претпоставуваше.

Мисијата беше на удар на критичарите, а СЗО беше бомбардиран со обвинувања дека многу се потпира на премногу политички компромитирани кинески податоци и теренска работа.

Самите членови на тимот изјавија дека Кина не сакала да ги споделува клучни податоци со нив, затоа што можело да сугерираат дека болеста се ширела со месеци пред да биде препознаена.

Прочитајте и...  Облачно со локални врнежи од дожд и ветер

Поврзани вести

Фаучи: Сите вакцини против ковид-19 одобрени во САД се безбедни

Слободен печат

Искра Михајловска: Архитектите се должни да помогнат да се избегнат итарпејовските манипулации при градењето и заштитата на објектите

Александра Бубевска

Индија со рекорден број на новозаразени, Мумбај се подготвува за целосно затворање

Слободен печат

Германски експерт предупредува: Полицискиот час е контрапродуктивен

Слободен печат

Ирската комисија почна истрага против Фејсбук откако беа објавени личните податоци на корисници

Слободен печат

Филипче до медицинските лица: Благодарност до сите заслужни за професионалноста, одговорноста и енергијата

Слободен печат

Остави Коментар