СЗО: Бројот на заразени и починати од коронавирус намален за четири отсто

СЗО/ фото: МИА

Минатата недела беа пријавени повеќе од 5,5 милиони случаи на коронавирус и повеќе од 90.000 смртни случаи ширум светот. Во споредба со неделата претходно, бројот на заразени и на починати се намалија за четири отсто, според Светската здравствена организација (СЗО).

„Во светски рамки, бројот на нови случаи и смртни случаи од Ковид-19 се намали малку оваа недела: повеќе од 5,5 милиони луѓе се заразени и повеќе од 90.000 починаа”, соопшти СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен, додавајќи дека и покрај малиот пад, нивото на инфекција останува високо.

Инфекциите се зголемија во регионот на Југоисточна Азија (за 6 отсто), во кои СЗО ја вклучува и Индија, додека во Европа бројот на нови инфекции е намален за 23 проценти, во Источен Медитеран – за 13 отсто, во Африка – за 5 проценти, во Северна и Јужна Америка – за 4 отсто.

Смртноста значително се зголеми во Западен Пацифик (34 отсто) и Југоисточна Азија (15 отсто), но се намали во Европа (18 проценти), Источен Медитеран (13 проценти), Америка (4 отсто) и Африка. (Со 3 проценти).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот