12 C
Скопје

СЗО: Бројот на лица заразени со ковид-19 ќе достигне 100 милиони до крајот на јануари

Бројот на лица заразени со ковид-19 ќе достигне 100 милиони до крајот на јануари, но вакцините имаат потенцијал да ја контролираат пандемијата. Тоа го изјави шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Гебрејесус.

Повеќе од два милиони луѓе починаа од ковид-19 ширум светот.

Тој смета дека развојот и одобрувањето на безбедни и ефикасни вакцини помалку од една година по појавата на новиот вирус е зачудувачко научно достигнување и извор на надеж.

– Вакцинацијата против ковид-19 во моментов е во тек во повеќе од 50 земји, рече Тедрос, но скоро сите се земји со високи или средни приходи.

– Треба да работиме заедно како едно глобално семејство за да обезбедиме итно и правично испорачување на вакцините.

Прочитајте и...  Молдавија доби вакцини од Ковакс

Шефот на СЗО исто така истакна дека вакцините надополнуваат, но не ги заменуваат основните мерки за јавно здравје.

Според последните податоци на СЗО, заклучно со вчера во светот имало 95.612.831 потврден случај на ковид-19 и 2.066.176 смртни случаи.

Поврзани вести

Роверот на НАСА првпат се движеше по површината на Марс

Слободен печат

Зедер: Да не се политизира одобрувањето на „Спутник V” во ЕУ

Слободен печат

Сава Јањиќ: Љубовта на Атанасије кон Косово беше неизмерна

Слободен печат

Нова студија може да ја покаже ефикасноста на „АстраЗенека“ против бразилската мутација

Слободен печат

Рекордна заплена на дрога: Црногорската полиција пронајде 250 килограми „сканк“ во камион, возачот избега

Слободен печат

Д-р Пановски: Во Македонија има петпати поголема смртност од корона од просекот во светот

Слободен печат

Остави Коментар