СЗО: Болниците во Европа наскоро ќе се наполнат до максимум

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Растечкиот број на случаи од коронавирус во Европа наскоро би можел многу болници да ги донесе до лимитот на капацитетите, објави денеска СЗО.

Минатата недела бројот на пријавени случаи на коронавирус во Европа беше речиси три пати поголем од оној на пикот на епидемиајта во првиот бран во март, рече претседателот на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус на конференцијата за новинари во Женева.

Но бројот на починати од ковид-19 беше далеку под нивото од март, додаде тој.

Сепак, Тедрос предупреди дека „бројот на хоспитализации се зголемува, а многу градови пријавуваат дека за неколку недели ќе се пополнат капациетите на интензивна нега“.

Тој тренд ги загрижува СЗО зошто сезоната на грипот на северната полутопка исто така ја зголемува потребата за болнички капацитети.

Тедрос рече дека земјите би требало да прифатат единствен пристап кон ковид и грипот, бидејќи двете болести можат да се победат со иста стратегија – дистанца, чисти раце, маски и добро проветрени простории.

Бидејќи во некои земји нема доволно вакцини против грип, СЗО препорачува приоритет да имаат здравствените работници и постарите лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот