СЗО: Блискиот исток е во критична ситуација со пандемијата

Фото: Профимедиа

Блискоисточните земји достигнале „критичен праг” во одговорот на пандемијата на новиот коронавирус, откако мерките за карантин постепено се ублажени со отворање на границите, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Ахмед Ал-Мандхари, директор на СЗО за регионот на источниот Медитеран, изјави дека бројот на регистрирани случаи на зараза со коронавирус во јуни бил поголем отколку во текот на четирите претходни месеци заедно.

Тој истакна дека околу 87 отсто од смртните случаи како последица на Ковид-19 се потврдени во само пет земји од регионот – Иран, Ирак, Саудиска Арабија, Египет и Пакистан.

Помалку случаи на зараза се забалежани во Сирија и Јемен, меѓутоа Ал-Мандхари смета дека тоа е веројатно последица од проблемите при спроведување на тестирањата, лекувањата и следењето на контактите на заболените, поради војните во овие земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот