СЗО бара Владата да ги секне субвенциите за тутунот – многу се пушело, а тоа е штетно

Светската здравствена организација (СЗО) повика да прекине субвенционирањето на тутунот во многу земји, укажувајќи на штетното влијание на оваа култура врз здравјето на луѓето. Во свој нов извештај, СЗО ги посочува европските земји кои одгледуваат тутун, вклучително и Северна Македонија, која, како што се наведува, е меѓу 20-те најважни извозници на тутун во светот.
„Во земјата за одгледување тутун се добиваат субвенции до 2.507 долари по хектар, додека пченицата се поддржува со максимум 269 долари“, пишува во извештајот.
– Тутунот е одговорен за осум милиони смртни случаи годишно, но владите ширум светот трошат милиони за поддршка на фармите за тутун – рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во пресрет на Светскиот ден без тутун, кој се одбележува на 31 мај.
Со изборот да одгледуваме храна наместо тутун, вели Гебрејесус, му даваме приоритет на здравјето, ги зачувуваме екосистемите и ја зајакнуваме безбедноста на храната за сите.