СЗО апелира: Потребна е помош од 15 милиони долари за Либан

Бејрут, Либан / 4 август 2020 / Фото: EPA-EFE/IBRAHIM DIRANI

Светската здравствена организација (СЗО) апелира за помош од 15 милиони американски долари за покривање на итните здравствени потреби на Либан, по катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут, во услови на економска криза и пораст на случаи со коронавирус.

Експлозијата, во која загинаа повеќе од 150, а беа повредени повеќе од 5.000 лица, исто така уништи 17 контејнери со медицинска опрема на СЗО, вклучително и опрема за лична заштита, соопшти регионалната канцеларија за Блискиот исток.

Во областа погодена од експлозијата, пет болници не функционираат или делумно функционираат, а многу здравствени центри и установи за примарна нега се оштетени или не се во функција.

– Околу 300.000 лица се раселени од своите домови и им е потребна храна или засолниште, што исто така претставува ризик од забрзување на ширењето на Ковид-19 и други болести, рече Иман Шанкити, претставник на СЗО во Либан.

СЗО наведе дека, заедно со американскиот универзитет во Бејрут, планира проценка на влијанието на испарувањето предизвикано од амониум нитрат врз животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот