Свршеникот на Џенифер Лопез сподели интимни моменти од Денот на благодарноста

epa-efe
Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Алекс Родригез објави фотографии од семејството Родригез-Лопез од нивната интимна прослава за Денот на благодарноста. Тој ги потсети своите пријатели и обожаватели за суштинското значење на овој празник.

Родригез на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографија со неговата свршеница Џенифер Лопез (51), нејзините 12-годишни близнаци Еме Марибел и Максимилијан како и неговите ќерки Ела и Наташа.

Поранешната ѕвезда на бејзбол клубот „New York Yankee“, Алекс Родригез (45) покрај фотографиите сподели и многу убава порака за празникот.

Оваа година, повеќе од кога било, Денот на благодарноста носи посебно значење за сите нас… Дури и во најпредизвикувачките времиња, треба да бидеме свесни за нашите благослови и да го славиме она што го имаме. Бидете благодарни за семејството. Бидете благодарни за пријателите. Бидете благодарни за луѓето што прават промена во нашите животи“, напиша тој.

Instagram
Instagram

Поранешната бејзбол ѕвезда сподели и фотографија со Лопез и нејзината ќерка Еме и напиша „Ги сакам овие девојки!“.

Родригез во интервју за „People“ разговараше за неговата врска со Ела и Наташа, велејќи дека обожава да поминува време со нив. Но, девојките понекогаш малку се „заситуваат“ од него.

Обично се обидуваат да ме исфрлат од кујната. Не се снаоѓам најдобро и тие брзо ме потсетуваат на тоа“, изјави Родригез.

Како што се случува со многу семејства за време на пандемијата на коронавирусот и за семејството на Родригез тоа значело повеќе време поминато дома и во кујна.

Во последно време имавме многу повеќе време за семејството и за готвење дома“, рече тој.

Instagram
instagram

Како и многумина луѓе низ светот, Лопез и Родригез сепак успеале да најдат светла точка во ова предизвикувачко време. Тие, едноставно почнале повеќе да уживаат во семејните вечери. Пејачката изјави дека пред карантинот, оброците со семејството не биле толку чести.

Тоа беше огромен благослов за нас во ова време… Бидејќи и јас и Алекс имавме и одделно, а и сега откако живееме заедно, живееме цигански живот, бидејќи нашите кариери бараат многу патувања. Благослов на карантинот за нас беше да вечераме со децата секоја вечер“, изјави Лопез.

Веројатно единствено добро што произлезе од целиот овој хаос, е тоа нè потсети да се вратиме на основните вредности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот