Свршеницата на британски пејач починала на денот на нивната свадба

Том Ман и Даниел, фото: Инстаграм

Ѕвездата на „X Factor“, Том Ман откри дека неговата вереница Даниел Хемпсон починала во саботата утрото на денот на нивната венчавка. Пејачот (28) сподели потресна објава на„Инстаграм“ во понеделникот кога откри дека љубовта на неговиот живот и мајката на неговиот осмомесечен син починала, пишува „Daily Mail“.

Пејачот и текстописец, кој се прослави во бендот „Stereo Kicks“, сподели фотографија од сопругата и нивниот син Боуви и откри дека се чувствува „целосно скршено“, но вети дека ќе остане силен за доброто на нивниот млад син.

Том штотуку се вратил од одмор со директорката за односи со јавноста Даниел (34) во Сардинија минатиот месец. Даниела немала никакви познати здравствени проблеми, а причината за нејзината смрт е непозната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Mann (@tommanninsta)

Том во својата објава на „Инстаграм“ напиша: „Не можам да верувам дека ги пишувам овие зборови, но мојата мила Дани – мојот најдобар пријател, моето сè и повеќе, љубовта на мојот живот – почина во раните утрински часови во саботата, 18-ти јуни. На, она што требаше да биде најсреќниот ден од нашите животи, заврши со неповратно скршено срце.

„Се чувствувам како да сум исплакал океан. Никогаш не стигнавме до олтар; или да ги кажеме нашите завети или да го заиграме нашиот прв танц, но знам дека знаеш дека ти беше целиот мој свет и најдоброто нешто што ми се случило, Даниел. Ќе го носам овој прстен што секогаш требаше да го носам како знак на мојата безусловна љубов кон тебе“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Mann (@tommanninsta)

Том продолжи со ветување дека ќе остане силен за својот син, пишувајќи: „Целосно сум скршен обидувајќи се да го обработам ова и искрено не знам каде да тргнам оттука, но знам дека треба да соберам некаква сила за нашето мало момче. Нема да бидам ни блиску до родителот кој ти веќе стана, но ветувам дека ќе направам сè за да го воспитам Боуви онака како што отсекогаш сакавме. Ти ветувам дека ќе знае колку е неверојатна неговата мајка. Ветувам дека ќе те направам горда“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Mann (@tommanninsta)

„Најубавата личност внатре и надвор. Најневеројатната душа. Изгубивме толку посебна личност и сигурен сум дека ќе видиме излив на љубов што го одразува тоа. Ќе се обидам да најдам мир во вашите пораки и коментари, но во моментов тагувам и ќе бидам така уште многу, многу долго“.

Том додаде: „Драга моја Дани, најсветлата светлина во секоја соба, мојот свет не е ништо друго освен темнина без тебе. Ќе ми недостигаш засекогаш“.

Тие ја објавија својата свршувачка во декември 2019 година, а Том сподели објава за неговата „идна сопруга“ откако го постави судбоносното прашањето во џез-кафе во Лондон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by danihampson (@danihampson)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот