СВР Тетово: За пукањето во теолошкото училиште осомничен е 41-годишник од градот

Илустрација/Архива на Слободен печат

Тетовската полиција информира дека е расчистен случајот со пукањето во објектот на средното теолошко училиште во градот кое беше пријавено вчера. За истрелите ќе биде поднесена кривична пријава за 41-годишен жител на Тетово.

– Осомничен дека со огнено оружје го извршил оштетувањето е 41-годишниот тетовец Б.М. Тој вчера околу 18 часот и 30 повикан е во Полициската станица Тетово, одземен му е пиштол „цз” со рамка со 12 куршуми калибар 9 милиметри за вештачење, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според информаците на СВР Тетово по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 288 од Кривичниот законик за „предизвикување општа опасност”.

Извор: МИА

Тетово: За девет месеци 21 лице осомничени за разни видови напади врз полицајци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот