СВР Тетово: Пет кривични пријави за превозници кои возеле со над 50 отсто од дозволениот капацитет

Тетово / Фото: МИА

Од 20 октомври лани до денес се поднесени кривични пријава за пет превозници за непочитување на мерките за спречување на ширење на заразна болест и овозможувале над 50 отсто исполнетост на капацитетот на возилата со патници, информираат од СВР Тетово. Владата, пак, вчера донесе одлука за зголемување на исполнетоста на капацитетот на превозните средства од 50 на 75 проценти.

– Сите пет случаи се заокружени со исто толку поднесоци, односно пријави за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија” согласно член 206 од Кривичниот законик. Покрај ова, значителен број на превозници се и писмено опоменати. СВР Тетово и во наредниот период ќе го следи и санкционира имплементирањето на владините одлуки, мерки и протоколи на овој план, информира Марјан Јосифоски, портпарол на тетовската полиција.

Минатиот и овој месец, на подрачјето на СВР Тетово се санкционирани и речиси 1.400 поединци за неносење на заштитна маска во возилата, меѓу кои и значителен број во јавниот превоз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот