СВР Тетово ја заврши потрагата: Пронајдена 17-годишната девојка што била пријавена дека се оддалечила од дома

СВР тетово/ фото: МИА

Тетовската полиција го најде 17-годишното девојче кое беше пријавено од родителот дека се оддалечило од дома на 18 декември. Таа била пронајдена на улица во градот.

– Вчеравечер, околу 19:15 часот, на улица „Илинденска” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ја пронашле 17-годишната жителка на тетовскa Палатица која од нејзиниот татко на 18 декември годинава била пријавена дека се оддалечила од дома, информира СВР Тетово.

Нешто подоцна 17-годишната девојка му е предадена на родителот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот