СВР Тетово: Две украдени возила во Тетово, едното најдено оставено на автопат

СВР тетово/ фото: МИА
Тетовската полиција во текот на вчерашниот ден бележи две пријави на кражби на автомобили, а денеска едно од возилата е пронајдено и вратено на сопственикот.

– Вчера околу 14:30 часот, Г.А.(52) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на улица „Благоја Тоска” му било украдено неговото возило „опел омега” со тетовски регистарски ознаки.-Возилото „опел омега” околу 7 часот и 30 минути било пронајдено на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на клучката за тетовско Горно Седларце и му било вратено на сопственикот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Втората пријава е од А.Р (42) од тетовско Горно Седларце, кој во СВР Тетово пријавил дека било одземено возило „форд галакси” со тетовски ознаки, сопственост на лице од Боговиње. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот