На 12 јануари во 20:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир, при што малолетник бил повреден со остар предмет.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека бил повреден 16-годишник од Скопје, кој бил пренесен на Градската општа болница „Св.Наум Охридски”.
По настанот, малолетници биле приведени во Полициската станица Аеродром и се преземаат мерки за расчистување на случајот.